Производството на хероин во Авганистан зголемено за 40 пати

Од:

Погубни информации открива првиот човек на Руската федерална агенција за борба против наркотици, Виктор Иванов, кој вели дека производството на хероин во Авганистан е зголемено за неверојатни 40 пати од НАТО кампањата во азиската земја насловена како „Војна против тероризмот“ во 2001 година.

Иванов додава дека од тогаш досега над еден милион луѓе умреле како последица на авганистанскиот хероин.

– Авганистанскиот хероин уби над еден милион луѓе низ светот од започнувањето на воените операции на НАТО во Авганистан во 2001 година. Од тогаш се вложени над 1000 милијарди долари во интернационалниот организиран криминал поврзан со наркотици – вели Иванов.

Во извештајот на руските надлежни служби се потенцира дека главен фактор за нестабилноста во разрушениот Авганистан е просперитетната индустрија со хероин.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан