Произведувачите на месо во САД користат нови технологии за прочистување на воздухот во фабриките

Од:

Некои фабрики за месо и месни производи од САД соопштија дека инсталирале опрема за прочистување на воздухот за заштита на работниците од коронавирус, јавија американските медиуми.

Компанијата JBS USA, четврти по големина произведувач на говедско месо во САД, соопшти дека во нивните погони се употребува ултравиолетово зрачење за прочистување на воздухот.

Компанијата Tysоn Foods, крупен американски произведувач на говедско, свинско и пилешко месо, соопшти дека спроведува опширни испитувања за протокот на воздух и тестирање на опремата за ултравиолетовото зрачење во некои свои фабрики.

Засега останува непознато дали овие технологии се ефективни во борбата против коронавирусот.

Компаниите беа критикувани зошто враќале на работа инфицирани работници и не биле агилни во нивната заштита со носење маски и физичка дистанца.

За време на пандемијата во САД, околу 16 илјади работници во месната индустрија се разболеа од Ковид-19, додека 86 вработени починаа. 

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД