Третиот руски вселенски товарен брод „Прогрес“ оваа година денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица по шестчасовниот лет, изјавија претставници на рускиот Центар за контрола на летовите.
Прогрес „М-16М“ и достави на МВС 2,6 тони товар, вклучувајќи храна, вода, санитарно-хигиенски материјали, гориво, различна опрема и подароци за екипажот, кој се состои од тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец.
Бродот постави нов рекорд, бидејќи досега на товарните вселенски летала им требаа два дена за целата операција.
Меѓународната вселенска станица орбитира на околу 350 километри над земјата.