(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Од:

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба откако неколку шумски пожари предизвикани од ветерот пламна на њујоршкиот Лонг Ајленд. Затворен е и локалниот автопат, а од сите страни се видливи облаци од густ чад кои се издигнуваат високо.

Пожарникарските екипи во округот Сафолк реагираа на најмалку три „големи пожари“ во Ист Енд, изјави извршниот директор на округот Ед Ромен.

Дел од автопатот Санрајс е затворен поради пожарот, соопшти Одделот за транспорт на градот Њујорк.

– Немаше наредби за евакуација и немаше луѓе на местото на пожарот во саботата вечерта, но најмалку две градби изгореа додека екипите брзаа да го спречат ширењето на пожарот, борејќи се со силните ветрови, соопштија властите.

Според портпаролот на округот Сафолк, Мајкл Мартин, пожарот во Вестхемптон, за кој претходно се проценуваше дека е со димензии 5 км х 2 км, бил изгаснат во саботата навечер.

„Нашиот најголем проблем е овој ветер, тој го разгорува огнот“, рече Мартин на прес-конференцијата.

Сателитските снимки објавени од Националната метеоролошка служба на „Икс“ покажуваат облаци од чад што се извиваат од неколку мали пожари.

Националната метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од шумски пожари во Њујорк поради ниска влажност и ветрови до 54 км/ч.

Би можело да ве интересира

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Земјите од Персискиот Залив наводно бараат од Израел и САД да продолжат со нападите врз Иран

Горан Наумовски

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“