Професор барал од учениците да се претстават себеси како самоубијци

Од:

Професор во средно училиште во источниот дел на Франција беше суспендиран откако од учениците побарал за домашна задача да се претстават себеси како потенцијални самоубијци.

Наставникот од учениците, кои имаат 13 и 14 години во училиштето, “Антоан Делфон” во регионот Шаренте, побарал да се претстават себеси како самоубијци, што предизвикало бес кај родителите, додека властите започнаа истрага.

“Штотуку наполнивте 18 години. Одлучивте да завршите со вашиот живот. Одлучивте и да ја објасните причината за вашата одлука. Во опишувањето наведувате дека се гадите од себеси. Во вашиот текст ќе бидат опишани и одредени настани кои би можеле да укажуваат на причините за овие чувства”, се вели во задачата која наставникот им ја зададе на учениците.

Локалниот дневен весник, вчера објави извадоци од писмо испратено од страна на група незадоволни родители до училишните власти. Во писмото родителите изразуваат бес, поради тоа што на тинејџерите им е зададена таква задача.

“Не сакаме да ја ставиме под знак прашање наставната програма, но постојат граници. Дали наредна тема ќе биде:”. Како се чувствувате кога пукате? “, прашуваат родителите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано