Проектил погоди британски брод во Црвено Море

Од:

Товарен брод во Црвеното Море претрпел помала штета откако бил погоден од проектил додека пловел во близина на брегот на Јемен, соопштија денеска британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) и британската поморска безбедносна компанија Амбри, а пренесе Ројтерс.

Од УКМТО наведуваат дека проектилот поминал преку палубата и предизвикал помали оштетувања на прозорците, а извештајот за инцидентот го добиле нешто по полноќ. Компанијата „Амбри“ соопшти дека товарен брод со знаме на Барбадос, сопственост на британска компанија претрпел физичко оштетување од беспилотно летало (UAV) додека пловел југоисточно низ Црвеното Море.

Нема информации за повредени, бродот извршил маневри за избегнување и го продолжил патувањето, додаде Амбри. Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, веќе некое време напаѓаат комерцијални бродови со беспилотни летала и проектили за да „изразат солидарност со Палестинците во Појасот Газа“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

Германската морнарица по грешка ќе собореше американски дрон во Црвено Море

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили