Продолжуваат протестите во Ереван

Од:

Ерменската полиција ги приведува демонстрантите кои денеска протестираат на Плоштадот на слободата во Ереван против одлуката на премиерот Никол Пашињан да ги прифати условите на трилатералната изјава за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Демонстрантите бараат оставка од Пашињан поради потпишувањето на договорот за прекин на огнот.

Полицијата приведувањето го правда со забраната за одржување на масовни собири поради воведената воена состојба во Ерменија.

Демонстрантите оценуваат дека потпишаниот Договор со територијални отстапки е предавство.

– Ако не го протераме Никол, тоа значи деканашиот народ нема достоинство, изјави поранешниот премиер на Ерменија, Вазген Манукјан.

Немирите и протестите во Ереван почнаа во текот на ноќта на 10 ноември откако Пашињан заедни со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алијев усвоија трилатерална изјава за прекин на огнот во Нагорно-Карахах и предавање на неколку региони на Баку. За Ерменците тоа е неоснована одлука за капитулација.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“