Продолжуваат протести во Судан против воената хунта

Од:

Суданските безбедносни сили денеска употребија солзавец за да ги растераат неколкуте илјади противници на воената хунта собрани во близина на претседателската палата во Картум.

Демонстрантите сакаа да протестираат пред претседателската палата, во која е сместена преодната суданска власт предводена од генерал Абдел Фатах ел Бурхан, предводникот на државниот удар извршен пред два месеца.

Властите денеска ги блокираа интернетот и ги исклучија телефонските мрежи со цел да ги спречат протестите.

Во април 2019 година суданската армија го собори од власт долгогодишниот автократски претседател Омар ал Башир, а потоа беше формирана воено-цивилната влада на премиерот Абдала Хамдок. На 25 октомври годинава беше извршен втор воен удар.

Граѓаните на Судан и на 19 декември излегоа на улиците на Картум и другите градови против воената хунта.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска