Северна и Јужна Кореја денеска започнаа преговори во Панмунџом, за планот на Пјонгјанг да испрати севернокорејска група од музичари, танчери и други уметници на Зимската олимпијада што ќе се одржува во Пјеонгчанг.
При разговорот, севернокорејските претставници им предложиле на Јужнокорејците, преговорите за учество на нивни спортисти на ЗОИ 2018 година да бидат одржани на 17 јануари во Панмунџом, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за национално обединување.
На средбата, Северна Кореја ја претставуваат тројца делегати предводени од заменик-претседателот на Комитетот за мирно обединување на двете Кореи, Чон Џон-су.