Продолжуваат немирите во Парламентот на Хонг Конг, се бара оставка од Лам

Од:

Продемократските пратеници во Хонг Конг денеска ја повикаа лидерката Кери Лам да поднесе оставка, за време на собраниска седница која повеќе пати беше прекинувана затоа што неколку политичари биле исфрлени од Парламентот.

Хаосот во Парламентот на Хонг Конг трае неколку дена, во време кога Лам се обидува да одговори на прашања за својата годишна политика. Како и годишниот говор, Лам беше принудена и одговорите на прашањата да ги емитува преку видео снимка.

Маскирани напаѓачи вчера со ножеви и чекани го нападнаа лидерот на едно од од најголемите продемократски движења во подрачјето под кинеска власт. Организацијата за заштита на човекови права Амнести Интернешнел ги повика властите да го истражат „застрашувачкиот напад“.

Продемократските пратеници бараат оставка од Кери Лам затоа што, како што тврдат, има „крв на своите раце“.

– Веќе кажав дека ќе бидеме понизни, ќе слушаме различни мислења и ќе основаме стручна комисија за да најдеме излез од моменталната ситуација, им рече Лам на пратениците.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше