Продолжуваат надлетувањата на Париз од неидентификувани дронови

Од:

Доцна синоќа околу 22 часот десетина неидентификувани дронови, информација потврдена од полицијата, јави дописникот на МИА од Париз.

Еден од дроновите бил забележан во квартот околу Ајфеловата кула, другите околу порт де Бањоле, Монтрој и Вансен или во блиските париски предградија. Во Монтрој, според телевизијата БФМ ТВ, полицијата успеала да го следи дронот. Тој се спуштил на порт де Вансан каде бил прифатен од четири лица кои успеале да побегнат со црн автомобил.

Од 5 октомври во Франција се забележани 60 надлетувања од дронови, според информациите на министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, според кој владата ги презема сите мерки за да се соочи со евентуланите закани кои ги претставуваат дроновите.

Најчесто надлетувањата беа забележани околу нуклеарните централи, но исто така на Елисејската палата, амбасадата на САД и на базата на стратегиските нуклеарни подморници во Ил Лонг во заливот на Брест.

Некои од инцидентите се случија симултано, што остава сомнеж дека станува збор за организирани акции, иако владата тврди дека нема „место за загриженост“.

Владата тврди дека се преземени превенетивни мерки, најпрво со информации за користењето на дроновите при нивното купување, како и ризиците со недозволеното користење и непочитувањето на правилата. Казните можат да достигнат до 5 години затворска казна и 75 000 евра парична казна поради спречување на воздушниот сообраќај и ставање во опасност на трети лица, користење на недозволена фреквенција…

Франција се залага и за нова европска директива за функционирањето на овие летечки објекти, како и измена на одредбата донесена во 2012 година од Франција, која дозволуваше меѓу првите земји, во стриктни услови летање на дронови надвор од погледот на пилотот. Во Франција има многу оператори на дронови, кои најчесто работата на видео снимки за рекламни спотови или филмови.

Министерот за внатрешни работи најави носење и нови мерки, како вградување на електронски чипови во дроновите кои се продаваат во Франција, што ќе дозволи нивна идентификација, како и изработка на средства за попречување на фреквенциите на дроновите. Но за тоа според Бернар Казенев е потребна меѓународна соработка и посебно на ниво на Европа.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата