Продолжува потрагата по 700 мигранти чиј брод се преврте близу Либија

Од:

Италијанските спасувачки служби покренаа денеска голема спасувачко-пребарувачка операција крај брегот на Либија, откако во Средоземното Море се преврте брод со стотици мигранти, кои се обидувале илегално да стасаат до Италија.

Според италијанската агенција АНСА, на бродот имало околу 700 лица. Италијанската крајбрежна стража спасила 28 лица и ги извадила телата на 21 мигрант. Се стравува дека останатите се мртви.

Барбара Молинарио, портпарол на Високиот комесаријат на ОН за бегалци изјави дека операцијата на италијанската крајбрежна стража продолжува и оти бројот на жртвите е непознат.

– Јасно е дека станува збор за брод кој се превртел и оти има луѓе чија судбина е непозната, но се уште е многу рано за да се каже бројот на загинатите и преживеаните, рече таа.

Според весникот „Тајмс оф Малта“, инцидентот се случил околу полноќ, недалеку од либискиот брег, 120 милји јужно од италијанскиот остров Лампедуза.

Спасувачките тимови на Италија на тоа подрачје прогласија вонредна состојба.

Се верува дека бродот се превртел, кога повеќето мигранти преминале на една страна откако виделе дека им се приближува трговски брод.

Премиерот на Малта Џозеф Мускат рече дека ова е најстрашна трагедија во Европа од Втората светска војна што се однесува на губење невини жртви. Тој вели дека спасувачите се обидуваат да пронајдат преживеани меѓу безживотните тела во водата. Воедно, апелираше до Европската унија да реагира без одложување.

Пред неколку дена, уште еден брод потона, при што на патот од Либија до Италија загинаа најмалку 400 лица, главно малолетници, а 150 беа спасени.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски

Тимот на Бајден планира да спречи депортација на милион имигранти од Хондурас и Гватемала

Жарко Настоски