Продолжен притворот за пораешниот француски министер за внатрешни работи Клод Геан

Од:

Продолжен е притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Клод Геан во рамките на истрагата за контраверзната арбитража во полза на Бернар Тапи во аферата со купопродажбата на Адидас, јавува дописникот на МИА од Париз.

По изречената мерка притвор во понеделникот, истата мерка беше суспендирана во текот на ноќта поради здраствени причини, но таа е се уште во сила, објасни адвокатот на Геан, Филип Буше Ел Гози.

Поранешниот генерален секретар на Елисејската палата и десна рака на поранешниот претседател Никола Саркози при освојувањето на власта е испрашуван од полицијата за неговата улога во арбитражата која на Бернар Тапи му донесе 400 милиони евра во 2008 година. За оваа арбитража се сомнева дека не била праведна и била во полза на Бернар Тапи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм