Продемократските демонстранти во Хонг Конг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Од:

Учесниците во протестите во Хонг Конг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател побараа да изврши притисок врз Кина да ги почитува преземените обврски кон загарантираните слободи на оваа кинеска територија.

Демонстрантите бараат Велика Британија да преземе мерки заради тоа што Кина не ја почитува кинеско-британската декларација.

Кинексо-британската декларација беше потпишана во 1984 година и ја дефинира иднината на Хонг Конг по враќањето под кинеска власт во 1997 година, според формулата „една земја, два система“ која ги гарантира слободите кои ги немаат граѓаните на Кина.

Кина тврди дека Хонг Конг сега е нејзино внатрешно прашање, дека го почитува начелото „една земја, два система“ и дека не се меша во неговите внатрешни прашања.

Кинските официјални претставници ги обвинуваат странските сили, пред се САД и Велика Британија, дека ги поттикнале немирите и ги предупредија да не се мешаат во внатрешните работи на Кина.

Велика Британија, пак, смета дека како копотписник на договорот има правна одговорност да обезбеди Кина да се придржува до декларацијата од 1984 година.

Не е јасно, меѓутоа, што Велика Британија навистина може да стори со оглед на фактот дека по излегувањето од ЕУ се надева на посилна трговска соработка со Кина, која од 1997 година е втората светска економија, пренесува Хина.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше