Продавачот на пазарот го опиша нападот од рускиот дрон во Херсон: „Му покажував зеленчук за да види дека не сум закана“

Од:

Продавач на зеленчук од украинскиот град Херсон, кој беше ранет во напад со руски дрон, сведочеше за моментите кога беспилотното летало го следеше и нападна додека го подготвуваше својот штанд на пазарот.
Педесет и двегодишниот Јуриј, кој се лекува во болница, изјави дека заедно со сопругата го ределе зеленчукот за продажба кога го слушнале зуењето на дрон што им се приближувал.

„Почнавме да го подготвуваме штандот. Го слушнавме зуењето, но не можевме да го видиме. Долетуваше ниско, од зад пазарот“, раскажува Јуриј.

Кога неговата сопруга побегнала, дронот се насочил кон него. Тој вели дека се обидел да му покаже на операторот дека е цивил и дека продава само зеленчук.

„Му покажував: гледај, ова е само зеленчук. Во рацете држев лук и му го покажував за да види дека не сум закана. На земјата имаше домати, краставици и модри патлиџани. Но, дронот сепак тргна кон мене и јас почнав да бегам“, изјави тој.

Според неговото сведочење, дронот го погодил комбето покрај кое стоел. Од силината на експлозијата бил оттурнат на земја и се здобил со повеќе повреди.

Јуриј има рани од шрапнели по трупот и рацете, повреди на ушите од експлозијата и бројни набиеници по телото.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го опиша овој напад како дел од, како што наведе, „лов со дронови врз цивили“ во Херсон.

Би можело да ве интересира

Девојче падна од трет кат во Берлин: Маж стоел под прозорецот и ја фати во последен момент

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ