Процесот за Брегзит би можел да започне на 9 март

Од:

Процесот за Брегзит, односно за излегување на Велика Британија од ЕУ, би можел да започне и порано од терминот – крајот на март, што уште пред неколку месеци го посочи британската премиерка Тереза Меј, пишуваат лондонските медиуми.

Повеќето аналитичари веруваат дека Меј ќе го чека крајот на март, па дека можеби и почетокот на април, за отпочнување на процесот, но „Тајмс“ смета дека покренувањето на членот 50 од Лисабонската спогодба ќе се случи на 9 март, на редовниот Самит на лидерите на земјите членки на ЕУ.

На оваа дводневна средба на претседателите и премиерте на членките на ЕУ, најавено е дека ќе се зборува за британското повлекување што е прв таков случај во историјата на европското интегрирање, започнато со Римскиот договор од 1957 година.

Велика Британија не беше дел од овој договор, што го потпишаа Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Холандија и тогашна Западна Германија, создавајќи ја основата за подоцнежната Европска економска заедница (ЕЕЗ), која пак е темелот на денешната Европска Унија.

Во европските интеграциски процеси, Велика Британија се вклучи во 1963 година и десет години настојуваше да ја елиминира француската блокада, пред да стане членка во 1973 година, кога премиер беше конзервативецот Едвард Хит.

Најавите дека Британците би можеле да го почнат прцесот за повлекување во време кога ЕУ ќе ја прославува 60-годишнината од интеграцијата во Европа, доаѓаат во време кога во Парламентот во Лондон започна дводенавната дебата за владиниот предлог-закон за Брегзит.

Пролабуристичкиот „Гардијан“ вели дека „Брегзит конечно дојде во Парламентот“, додека проконзервативниот „Дејли Телеграф“ ги предупредува ториевците да останат во Долниот дом до полноќ, до кога ќе трае расправата, за да не се случи „изненадување од проевропските пратеници“.

Гласањето е предвидено за утре, но овој весник, кој е силен приврзаник за Брегзитот, стравува дека Владата би можела да биде надгласана, иако не станува збор за верификација на резултатот од референдумот.

Аналитичарите во Лондон сепак не веруваат во „пораз“ на Владата, затоа што главната опозициска партија, Лабуристичката бајави дека ќе гласа за владиниот закон.

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин има опозиција меѓу своите пратениици, а двајца од нив, инаку членови на Владата во сенка, поднесоа оставки, нездоволни од неговото барање да не се гласа против владиниот Предлог-закон.

Либералните демократи и пратениците на Шкотската национална партија (СНП), која е трета по големина во Парламентот, соопштија дека ке гласаат против законот, но тие заедно немаат доволно пратеници за да го блокираат.

Против ќе гласаат и некои проевропски ориентирани ториевци, но Владата верува дека законот за Брегзит ќе биде донесен за да може на време да биде покренат процесот за излегување од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС