Жителите на селото Добри дол денеска ќе имаат вода за пиење се додека има вода во резервоар, додека утре можно е водоснабдувањето да биде прекинато, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Причина за проблемите со водоснабдувањето во Добри дол е уличен дефект на водоводна цевка од ф 100мм на патот за селото.
Утре во утринските часови, како што се наведува во соопштението, можно е корисниците од селото да имаат прекинато водоснабдување се до санирање на дефектот на кој ќе се работи од 9:00 часот.