Пробен балон или грешка – објавен плакатот за предизборната кампањата на Макрон

Од:

Според интернет страницата „Лес Журс“, делегираниот министер за надворешна трговија и атрактивност, Франк Ристер, на Твитер го откри можниот иден плакат на Емануел Макрон. дали станува збор за пропуст или за пробен балон, сепка, објавата е избришана. Макрон се уште официјално не ја има соопштено неговата кандидатура, јави дописникот на МИА.

Овој плакат веќе беше споделен ден претходно на профили за поддршка на претседателот на Републиката. Конкретно на Твитер профилот „Avec Emmanuel Macron #avecvous“ (Еманул Макрон со вас) кој го објави истиот плакат во четвртокот попладне.

Макрон, кој се уште не е кандидат, ја поттикнува неизвесноста. Во понеделникот на патување во Креоз, придружуван од неколку министри, изјави дека „ќе ја објави својата одлука во догледно време“, по прашањето поставено од студент на БТС.

На почетокот на јануари, во интервју за „Ле Паризиен“ тој изјави дека „нема лажна неизвесност“: „Сакам. Штом има санитарни услови што го дозволуваат тоа и кога ќе ја разјаснам оваа тема, во себе и во однос на политичката равенка ќе кажам што е“, увери тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски