Приземјени авиони Боинг 737-МАКС поради проблем со електричниот систем

Од:

Авиокомпаниите кои имаат летала Боинг 737-МАКС во својата флота ќе мора повторно да ги приземјат, откако производителот денеска соопшти за нов проблем – овој пат со електричниот систем.

„Боинг“ извести 16 клиенти да решат потенцијален проблем со електричната инсталација во одредена група од авиони 737 MAX пред да продолжат со летови, соопшти компанијата.

Авиокомпаниите треба да проверат дали една од компонентите на електричниот систем на авионот е доволно заземена, прецизира американскиот производител и додава дека соработува со американската Федерална управа за авијација во решавањето на проблемот.

„Боинг“ не наведе на кои 16 авиокомпании се однесува ова предупредување или на колку авиони се однесува дефектот.

Сите авиони „Боинг 737 МАХ“ беа приземјени низ целиот свет 20 месеци, од март 2019 година до ноември 2020 година, по две кобни несреќи во кои загинаа 346 лица.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран