Приврзаниците на Трамп на масовни протести ќе носат некролози од луѓе кои „гласале“

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да организира масовни протести низ земјата на кои ќе се буни против кражба на изборните резултати, а на овие демонстрации планирано е да се прикажат некролози на луѓе кои наводно „гласале“ на изборите, јави „Дејли мејл“.

Интернет страницата axios.com синоќа јави дека изборниот штаб на Доналд Трамп мобилизира „војници“ и се подготвува за „војна“.

-Ние сакаме да се осигураме дека имаме доволно луѓе за борба гради в гради, изјави еден од советниците во изборниот штаб на Трамп.

Екипи на Трамп веќе се испратени во Пенсилванија, Аризона, Џорџија, а постизборната кампања треба да биде организирана како „медиумска операција“.

Интернет страницата наведува и дека Трамп собрал досега најголем тим во историјата на изборите, со невиден број адвокати подготвени да ги поништат изборните резултати.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Трамп најавува дека пет главни криптовалути ќе бидат дел од стратешката резерва на САД

Маск: САД треба да ги напуштат НАТО и ОН

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа