Приведени најмалку 10 осомничени за нападот во Најроби

Од:

Кениската полиција приведе најмалку десет лица осомничени за учество во терористичкиот напад во трговски центар во Најроби, во кој загинаа над 60 лица.

Безбедносните сили на Кенија се уште се борат со припадниците на сомалиската исламистичка група, кои во трговскиот центар „Вестгејт“ држат заложници. Кениското Министерство за одбрана соопшти дека досега се убиени тројца терористи, додека неколку се повредени.

Операцијата продолжува, а војската ги затвори сите патишта за евентуално бегство, се наведува во соопштението на Министерството, како и дека шансите некои од терористите да избегаат се сосема мали.

Во операцијата се вклучени и израелски безбедносни сили, како и британски и американски агенти.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“