Венецуелските власти синоќа го приведоа поранешниот министер за нафта, Елуохио дел Пина и поранешниот директор на државната нафтена компанија „ПДВСА“, Нелсон Мартинез, во рамките на голема антикорупциска истрага.
Според неименувани извори, двајцата биле приведени поради испитување, но се уште не се знаат официјалните причини поради кои биле задржани.