Приведен поранешниот француски министер за внатрешни работи Клод Геан

Од:

Француската полиција денеска го приведе поранешниот министер за внатрешни работи на Франција, Клод Геан, под обвинение за спорна финансиска арбитража во полза на бизнисменот Бернар Тапи.

Геан, кој важи за човек близок до поранешниот француски претседател Никола Саркози, се товари дека ја злоупотребил својата министерска положба за да влијае спорот меѓу Тапи и банката „Креди Лионе“ околку продажбата на компанијата „Адидас“, да се реши со приватна арбитража, наместо по судски пат како што е вообичаената пракса.

Обвинителството се сомнева дека Геан влијаел да нема жалба на пресудата со која Тапи од зделката заработил над 400 милиони евра.

По сослушувањето полицијата би можеле да го ослободи Геан без да покрене обвинение против него или пак да го изведе пред суд кој ќе решава за тоа дали ќе му одреди мерка притвор или ќе го пушти да се брани од слобода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм