Приведен е маж поврзан со истрелите во близина на Трамп

Од:

По истрелите во близина на американскиот кандидат за претседател Доналд Трмп, едно лице поврзано со инцидентот е приведено, изјавил полициски извор за Си-Ен-Ен, а неколкумина очевидци потврдиле дека членови на Tајната служба пукале во осомничениот. Тие нагласиле дека веруваат дека Трамп бил целта на истрелите. Сè уште нема информации дали лицето било на голф теренот или пак пукало од далечина.

Она што е познато е дека мажот побегнал со автомобил, а подоцна бил уапсен од локалната полиција, според Њујорк Пост. Мотивите на мажот сè уште не се познати, а Њујорк Пост првично објави дека две лица пукале меѓу себе пред клубот и дека не станувало за закана врз Трамп.

Со брза реакција е запрен потенцијалниот напаѓач, одземено му е оружјето и се врши распит.

Претседателот Џо Бајден и потпретседателот и претседателски кандидат Камала Харис многу брзо излегоа со изјави.

„Претседателот и потпретседателот се информирани за безбедносен инцидент на меѓународниот терен за голф Трамп, каде што поранешниот претседател играше голф. Им олесна кога дознаа дека тој е безбеден. Нивниот тим редовно ќе ги информира за случувањата“, стои во соопштението.

Истрагата за случајот е во тек.

Би можело да ве интересира

Трамп ги обвини Бајден и Харис: Се обидуваат да ме убијат поради вас

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Испукани куршуми во близина на Доналд Трамп додека играл голф

A1on

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“