Пристигнаа првите западноафрикански војници во Мали

Од:

Првата единица од западноафриканските регионални сили пристигна во Мали, за да се приклучи на француските и малиски војници во операцијата за ослободување на северниот дел на земјата од исламистички бунтовници.

На аеродромот во Бамако пристигнаа стотина војници од Того. Подоцна се очекуваат и 900 војници од Нигерија. До 26 февруари во Мали треба да бидат распоредени над 3.000 војници од западноафриканските држави во рамките на Африканската меѓународна мисија за поддршка со мандат на ОН. Две илјади од нив ќе испрати Чад, а се разгледува и можноста западноафриканскиот контингент да се зголеми до 5.000 лица.

За Мали од Германија полета и првиот воен транспортер „Трансал“. Претходно властите соопштија дека било планирано да полетаат два такви авиони. На пат кон Бамако авионот ќе слета во Франција, каде ќе земе медицинска опрема.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска