Денеска пристигна првата хуманитарна помош за Јемен откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија воведе ембарго на 5 ноември.
Четири авиони со хуманитарна помош пристигнаа во Сана.
Во Јемен се води граѓанска војна од 2014 година кога Хутите се обидоа да ја преземат контролата врз државата. Војната предизвика глад во Јемен и се претпоставува дека 17 милиони жители немаат доволно храна.