Пристигна одговорот на Европската Унија на заканата од Трамп за царини

Од:

Европската Унија работи „добронамерно“ за да обезбеди спроведување на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави врз основа на „почитување“, а не на „закани“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ, по коментарите на Доналд Трамп за можни царини од 50 проценти.

Американскиот претседател рече дека не „бара трговски договор“ со Европската Унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50 проценти на увозот од 27 земји-членки почнувајќи од 1 јуни.

„ЕУ е целосно ангажирана и решена да гарантира договор што ќе им одговара на двете страни“, напиша Марош Шефчовиќ на X по разговорите со трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, и министерот за трговија, Хауард Лутник.

„Трговијата меѓу ЕУ и САД мора да биде водена од меѓусебно почитување, а не од закани. Ние сме подготвени да ги браниме нашите интереси“, додаде европскиот комесар.

На почетокот на мај, ЕУ се закани дека ќе воведе царини за увоз од САД во вредност од 95 милијарди долари, што се однесува на автомобили и авиони, доколку трговските преговори со Трамп не успеат.

Комисијата, исто така, објави дека ќе ги извести трговските мерки што САД ги воведуваат против неа до Светската трговска организација (СТО).

Во последните месеци, ЕУ беше трипати погодена од царините на американската администрација: 25 проценти за челик и алуминиум, кои беа објавени кон средината на март, 25 проценти за автомобили, а потоа 20 проценти за сите други европски производи во април.

Најскоро објавените царини беа суспендирани до јули за да се овозможат преговори, но царините од 10 проценти сè уште важат за повеќето стоки што ги извезуваат 27-те земји-членки во САД.

Доналд Трамп редовно ја напаѓа Европа откако се врати во Белата куќа во својот втор мандат, сметајќи ја, како што рече, „полоша од Кина“ во однос на трговските односи.

САД го проценуваат својот дефицит со ЕУ во 2024 година во размената на стоки на 235 милијарди долари, но Европската комисија истакнува дека американскиот суфицит во услугите го намалува трговскиот дефицит на 50 милијарди евра (околу 57 милијарди долари).

Би можело да ве интересира

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите

Трамп повторно се огласи: Ќе има напад каков што никогаш порано не виделе