Принцот Чарлс се сретнал со кралицата два дена пред да се тестира за Ковид-19

Од:

Британскиот принц Чарлс се сретнал со британската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор два дена пред да биде позитивен на тестот за коронавирусот, изјави неименуван извор од кралското семејство.

Како што се наведува кралицата нема симптоми на коронавирусот, јави Би-Би-Си.

Принцот Чарлс утрово доби позитивен тест на коронавирусот и се наоѓа во самоизолација. Тој вторпат е болен од Ковид-19.

Неговата сопруга, војвотката од Корнвол Камила, денеска била негативна на коронавирусот, соопштија од британската кралска резиденција Кларенс Хаус.

Принцот Чарлс (73) последен пат имаше Ковид-19 во март 2020 година, а и тогаш имал само благи симптоми.

Кларенс Хаус потврди дека принцот Чарлс бил вакциниран три пати, но не објави детали какви симптоми има овој пат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот