Помирувањето е пат кон обезбедувањето подобра иднина, изјави денеска британскиот престолонаследник, принцот Чарлс во обраќање на отворањето на меѓуверска конференција во косовскиот град Призрен.
– Треба да градиме мостови. Треба повторно да изградиме темели. Слушнав многу приказни, тешки приказни и би сакал да им помогнам на тие луѓе. Но, мораме да го преминеме тој мост. Одмаздата не е решение, патот кон подобра иднина е во помирувањето – рече принцот.
Принцот Чарлс денеска престојува во посета на Косово, во рамки на неговата балканска турнеја.