Примирјето во Украина започнува денес

Од:

Краткото велигденско примирје меѓу Украина и Русија, објавено од рускиот претседател Владимир Путин во четврток и прифатено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, треба да започне во сабота попладне, бидејќи дипломатските напори на САД за ставање крај на војната се намалија.

Кремљ соопшти дека примирјето ќе стапи на сила во 16 часот (15 часот по средноевропско време) во сабота и ќе трае до крајот на неделата, период од 32 часа.

На рускиот министер за одбрана Андреј Белошов и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов им беше наредено да „престанат со борбените операции во сите правци во овој период“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кратко потоа изјави дека неговата земја е подготвена да почитува ретка пауза во непријателствата, бидејќи разговорите насочени кон ставање крај на четиригодишниот конфликт заглавија поради војната на Блискиот Исток.

Слично примирје беше објавено минатата година, исто така за православниот Велигден, но двете страни постојано се обвинуваа меѓусебно за негово кршење.

Пред почетокот на прекинот на огнот, властите во украинските региони Полтава (централна) и Суми (североисточна) доцна во петокот објавија дека едно лице е убиено, а околу 15 други се ранети во два одделни напади.

Неколку рунди разговори предводени од САД не успеаја да ги доближат завојуваните страни до договор, а процесот стана уште побавен бидејќи вниманието на Вашингтон се префрли на Иран.

Москва бара од Киев територијални и политички отстапки, што Володимир Зеленски ги одби, изедначувајќи ги со капитулација.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од новинската агенција ТАСС, објавувањето на ова кратко примирје не е поврзано со преговорите за прекин на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Американскиот и иранскиот тим пристигна во Исламабад, почнуваат преговорите

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

ВИДЕО: Астронаутите од мисијата „Артемис 2“ слетаа на Земјата

Предраг Петровиќ

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната