Филмот за потрагата на елитниот тим на американската војска по најбараниот терорист во светот Осама бин Ладен и неговото убиство во декември треба да доживее премиера, а краток дел од филмот е прикажан на јавноста.
Краткото видео покажува фрустрација на американските официјални лица, кои сакаат што побрзо да го пронајдат Бин Ладен. Потрагата по него е во планините во Авганистан и Пакистан.
Снимањето на филмот „Zero Dark Thirty“ чини 30 милиони долари и е во режија на Кетрин Бигелоу. Осама бин Ладен во филмот го игра 29-годишниот Британец Рики Секхон.
Трејлерот на филмот почнува со реченицата: „Приказната за која мислевте дека ја знаете. Еве како се случи тоа“.
Републиканците не се воопшто задоволни од блиската соработка на претседателот Барак Обама и ЦИА со авторите на филмот и откривањето доверливи информации за акцијата, нарекувајќи го рекламна кампања за претседателските избори.