Пригожин: Украинската контраофанзива е во тек

Од:

Евгениј Пригожин, водачот на руската платеничка воена група Вагнер, во средата рече дека верува оти ветената украинска контраофанзива веќе започнала и дека неговите сили забележуваат зголемена активност долж фронтот. Во аудио порака, објавена од неговата прес-служба на социјалните мрежи, Пригожин рече дека „активната фаза“ на контраофанзивата ќе започне во наредните денови.

Владата во Киев долго време ветуваше контраофанзива која ќе започне да ја враќа територијата на истокот на земјата што Русија ја анектираше по инвазијата во февруари 2022 година.

„Верувам дека напредувањето на украинската армија веќе започна … Гледаме најголема можна активност и на периметарот и внатре во првите борбени линии“, рече Пригожин.

„Затоа, верувам дека сè е веќе започнато. И верувам дека во многу блиска иднина сето тоа ќе влезе во активна фаза. Тоа може да биде прашање на денови“. Пригожин подоцна рече дека неговите сили напредувале 230 метри во борбите што го зафатија источниот украински град Бахмут. Разурнатиот град, некогашен дом на 70.000 луѓе, беше под опсада речиси 10 месеци.

Ројтерс не беше во можност да ги потврди извештаите од бојното поле. Тој, исто така, ја повтори својата жалба дека Москва ги игнорира неговите молби да ги зголеми резервите на гранати.

„Министерството за одбрана не ни достави артилериска муниција и имаме ресурси само за неколку дена“, рече Пригожин. „Тие ги игнорираат сите барања на Вагнер“.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел