Прифатена оставката за јужнокорејскиот министер за обединување поради тензиите на Корејскиот Полуостров

Од:

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ја прифати оставката на министерот за обединување, задолжен за прашањата со Северна Кореја, Ким Јон-уи, поради тензиите на Корејскиот Полуостров, соопшти Сината палата во Сеул, јави ДПА.

Министерот Ким ја поднесе оставката пред два дена, откако претходниот ден Северна Кореја ја уништи канцеларијата за врски меѓу двете земји на својот дел од заедничката граница, кај Кесонг.

Јужнокорејското претседателство не соопшти за никакви детали поврзани со оставката, но портпаролот Чеонг Ва Дае, сепак, кажа дека претседателот Мун официјално ја одобри понудената оставка откако „ја ислуша позицијата на министерот“, пренесе ДПА.

Досегашниот министер претходно го предводеше државниот Институт за национално обединување на двете Кореи, а на министерската позиција беше поставен во април 2019 година.

Неговиот досегашен заменик, Сух Хо, се очекува да ја извршува должноста министер, јави Јонхап, но претседателската канцеларија допрва треба да посочи кој ќе биде наследникот на Ким, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ