Придружничката на Оланд бара отштета за наводниот “љубовен триаголник”

Од:

Валери Трирвелер, животната сопатничка на францускиот претседател Франсоа Оланд, бара 85.000 евра отштета од авторот и издавачот на книгата во која се наведува дека своевремено била во љубовен триаголник со двајца мажи.

Како што пренесува агенцијата АФП, 47-годишната Трирвелер ги тужеше авторите на книгата “La Frondeuse” (Бунтовничка) за клевета и нарушување на приватноста.

Авторите на биографијата, новинарите Кристоф Жакубисин и Аликс Бужаг тврдат дека Трирвелер ималA афера со Патрик девеџијан, поранешен министер за економско закрепнување, во време кога започнала афера со Оланд.

Во тоа време таа беше сеуште во брак со нејзиниот втор сопруг, а Оланд официјално бил со Сеголен Роајал, мајката на неговите четири деца. <1 attachment>

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано