Причината за железничката несреќа во Франција не е човечка грешка

Од:

Причината за железничката несреќа во близина на Париз, во која загинаа шест лица, не е човечка грешка, изјави денеска францускиот министер за транспорт Фредерик Ковиве.

Тој не ја посочи причината за излетувањето на патничкиот воз од шините, а властите го испитуваат евентуалниот дефект нво системот за пренасочување на шините, но и други можности.

Министерот истакна дека околу 30 лица се уште се хоспитализирани поради здобиените повреди, а девет се потешко повредени. Вкупно 200 лица беа ранети вчера, кога четири вагони од композицијата излетаа од шините, при што некои од нив се превртеа.

Возот на линијата за Лимож во централна Франција излета од шините околу 26 километри јужно од Париз.

Ова е една од најголемите железнички несреќи во Франција, поради што и претседателот Франсоа Оланд најави дека ќе го посети местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано