Приближно 100 лица повредени во новите антивладини протести во Венецуела

Од:

Приближно 100 лица вчера се повредени во новите судири меѓу антивладините демонстранти и полицијата во венецуелската престолнина Каракас, соопшти опозицискиот пратеник Хуан Рекесенс, цитиран од ДПА.

Пратеникот изјави дека полицајците ги нападнале и ограбиле демонстрантите. Неколкумина новинари, исто така, биле нападнати.

Најмалку 65 лица се убиени, откако во април избувнаа протестите против политиката на социјалистичката Влада на претседателот Николас Мадуро.

Земјата е исправена пред најсериозната економска криза од 2014 година, кога падот на цените на нафтата ги намали приходите од неговиот извоз, на кој смета Венецуела.

Боливискиот претседател Ево Моралес во Санта Крус изјави дека во Венецуела се изведува опозициски преврат, поддржан од САД. Според Моралес, Вашингтон ја поддржува опозицијата, затоа што сака да си обезбеди контрола врз нафтените резерви на земјата.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски