При засилени мерки за безбедност започна аџилакот во Мека

Од:

Над 100.000 членови на саудискате сили за безбедност од денеска ќе работат за заштита на верниците кои ќе учествуваат во овогодинешното поклонение во Мека, каде се очекуваат околу два милиони аџии.

Нема конкретни закани за аџилакот во Мека.

Претставникот на саудиското Министерство за внатрешни работи Мансур Турки наведе дека, силите за безбедност разбиле неколку терористички групи во Мека и Медина во текот на последните неколку години.

– Мерките за безбедност се засилени и на влезовите на Мека, Медина, на другите свети места во земјата, како и на леталиштата и пристаништата, додаде Турку.

На аџилакот во 2015 година загинаа 2.300 лица.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места