Серија експлозии денеска се случија во чешка фабрика при што се повредени 18 лица.
Првата експлозија се случи околу 11 часот во салата за производство, а потоа уследија и други, со што беше отежнат пристапот на спасувачите.
Инцидентот се случи во градот Полички, што се наоѓа околу 150 километри источно од Прага.
Шефот на регионалната служба за спасување Павел Свобода изјави дека најмалку тројца спасувачи се повредени, а надлежните ги предупредија граѓаните да го избегнуваат подрачјето.