При брегзит без договор во Германија 100.000 луѓе ќе останат без работа

Од:

Излегувањето на Велика Британија од Европска унија без договор би можело да ја чини Германија 100.000 работни места, покажува најновото истражување објавено во „Велт ам Зонтаг“.

„Ниту во една друга земја ефектот на вкупната вработеност не е така голема како во Германија“, истакна еден од авторите на истражувањето Оливер Холтемоелер.

Тој додаде дека со истражувањето се опфатени само тие ризици за губење на работните места, кои се резултат на падот на извозот поради новите царини на увоз во Велика Британија во случај на нерегулиран Брегзит, а не се земени предвид ризиците по пазарот на трудот поради губење на интерес за вложување.

Најверојатно автомобилската индустрија во Германија ќе биде најпогдена со намалување на извозот во случај на нерегулиран Брегзит. Во однос на бројот на вработени најпогодени би биле фабриките Фолксваген во Волфсбург и Бе-Ем-Ев во Баварија односно околу 800 лица би можеле да го загубат работното место.

Според истражувањето, 612.000 луѓе ширум светот би можеле да ја изгубат работата во случај на Брегзит без договор.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски