Преживеал масакр, бидејќи терористите заборавиле да го убијат

Од:

„Го преживеав масакрот во автобусот, само затоа што напаѓачите заборавија на мене“,- вели учителот Даглас Очводо, еден од патниците во автобусот, кој беше нападнат од припадници на Ал Шабаб во Кенија.

Тој е единствениот преживеан во нападот на терористите, во кој се убиени 28 лица.

-Бидејќи не сум муслиман, бев меѓу оние кои сакаа да ги убијат. Еден одеше од левата, а друг од десната страна и пукаа на нас. Јас лежев и ја чекав смртта, кога одеднаш пукотницата престана. Претпоставувам дека и двајцата мислеле дека оној другиот ме убил- изјави Очводо.

Портпаролот на полицијата Ноа Мвавинда рече дека исламисти грабнале автобус и ги убиле сите 28 патници, кои не биле муслимани.

Инаку Кенија е мета на напади на сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб, откако во 2011 година испрати свои војници во Сомалија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“