Американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел во телефонски разговор се договорија претставници на двете земји да ја разгледаат ситуацијата околу тајната програма за електронско следење.
Обама и даде уверување на Меркел дека САД се однесуваат сериозно во однос на стравувањата на нивните европски сојузници и партнери, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Двајцата лидери нагласија оти на 8. јули ќе почне државен дијалог, поврзан со собирањето на разузнавачки информации и гарантирање на доверливите лични податоци, се додава во соопштението.