Претставници на НАТО и на Русија ќе разговараат за ИНФ

Од:

Амбасадорите на НАТО на денешната средба со руски воени претставници уште еднаш ќе се обидат да ја убедат Русија да го почитува Договорот од 1987 година за нуклеарно разоружување.

Средбата ќе се одржи неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин во средата потпиша законот со кој се прекинува примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

Претходно, Вашингтон ја обвинуваше Москва дека го прекршила Договорот со развивање на ракети 9М729.

Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел потпишан е помеѓу поранешниот Советски сојуз и САД на 8 декември 1987 година, а стапи во сила на 1 јуни 1988 година. Во 1992 година кога СССР се распадна, ИНФ стана мултилатерален договор и со поранешните советски републики – Белорусија, Казахстан и Украина, како земји наследнички.

ИНФ се однесува на распоредени и нераспоредени копнени ракети со краток дострел (од 500 до 1.000 километри) и ракети со среден дострел (од 1.000 до 5.500 километри).

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија