Делегации на Владата на Авганистан и на талибанските бунтовници ќе се состанат денеска за првпат директно во Доха, јави Ал-Џезира.
Преговорите меѓу двете страни почнаа во саботата во главниот град на Катар, со посредство на САД.
Целта на преговорите е да се стави крај на деветнаесетгодишната војна во Авганистан.