Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за заштита на правото на контрацепција

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска изгласа нацрт-законот за заштита на пристапот до контрацепција како одговор на стравувањата дека Врховниот суд, кој неодамна го отфрли правото на абортус, исто така може да го доведе во прашање и правото на контрацепција.

„За“ гласаа сите 220 демократски претставници и осум од 211 републиканци. Со 228 гласа „за“ и 195 „против“, предлог-законот оди на гласање во Сенатот, каде неговата судбина е неизвесна. Ако биде усвоен, правото на пристап до контрацепција ќе биде легислативно на федерално ниво и лекарите и фармацевтите ќе можат слободно да го препишуваат и издаваат.

Според Институтот Гутмахер, група за правата на абортусот, 88 отсто од Американките во репродуктивна возраст, кои не сакаат да забременат користат контрацептивни средства.

Врховниот суд на САД во јуни ја поништи пресудата о отфрли судот Ру против Вејд од 1973 година, според која жените имаат право на абортус врз основа на нивното уставно право на телесна приватност.

Судијата на Врховниот суд Кларенс Томас, републиканец, кој беше назначен на таа позиција од поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш, во образложението на пресудата, посебно го повика Судот да ги отфрли пресудите Гризволд (право на контрацепција), Лоренс (право на истополова интимност) и Обергефел (право на истополови бракови).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа

Претставничкиот дом во хаос откако Кевин Мекарти не беше избран за претседател ниту по три обиди

Катерина Ѓуровски

Комитетот на Конгресот на САД препорача кривичен прогон за Доналд Трамп

Републиканците на чекор од освојување мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот

Конгресот на САД одобри 40 милијарди долари за Украина

Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор