Претставен нацрт-буџетот на Франција за справување со рекордниот дефицит

Од:

Нацрт-буџетот на Франција за 2015 година беше претставен пред Министерскиот совет, кој во втор план го става заздравувањето на државните финансии со цел да го зацврсти главниот приоритет на владата: зголемување на економскиот раст и намалување на невработеноста, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Француската Влада одлучи да ги намали задолжителните давачки на претпријатијата и на домаќинствата. Овај нацрт-текст ќе биде ставен под лупата на Европската комисија, која во ноември ќе го даде своето мислење дали изборот на Франција е во согласност со европските правила и покрај новото кршење на обврската презмена од Франција за сведување на државниот дефицит на три отсто од БДП.

„Нашата економска политика не се промени но дефицитот ќе се намали побавно од предвиденото со оглед на економските услови“ – изјави министерот за финансии Мишел Сапан.

Франција сега предвидува да го сведе државниот дефицит на три проценти не на крајот од 2015 година, туку во 2017 година, по претседателските избори.

– Напорите за контрола на задолжувањтео ќе бидат почитувани со планот за заштеда на 50 милијарди до 2017, од кои 21 милијарда во 2015, рече министерот за финансии Мишел Сапан при претставувањето на буџетот за 2015.

Сепак, буџет на штедење нема да го намали многу дефицитот на Франција. Со Нацрт-буџетот за 2015 се предвидуваат 21 милијарди заштеди, односно дефицит од 4,3% од ДБП по годинашниов од 4,4%, а во 2017 ќе треба да биде сведен на фамозните 3%. Ритам кој според владата е прилагоден на слабиот економски раст.

Економскиот раст во Франција ќе биде многу ограничен во 2014, +0,4%, за да ги достигне оптимистичките 1% во 2015, 1,7% во 2016 и 1,9% во 2017. А тука е и ниската инфлација од 0,6% годинава, 0,9% идната година.

Јавниот долг ќе достигне 97,2% на ДБП на крајот од 2015, по 95,3% во 2014, потоа 98% во 2016 и 97,3% во 2017 година.

Предвидено е намалување за 40 милијарди евра на давачките за претпријатијата за да се зголеми нивната компетитивност и создавање на нови работни власти. Намалувањето или целосно ослободување на даноците за 6 милиони французи.

Идната година, француската држава директно ќе заштеди 7,7 милијарди евра, локланите заедници 3,7 милијарди евра а социјалната заштита 9,6 милијарди, од кои дури 3,2 милијарди евра во здравственото осигурување.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата