Претседателските функции во Венецуела ќе ги извршува потпретседателот Николас Мадуро кого Уго Чавес го одреди за свој наследник.
Во изјава на челници од ГШ на оружените сили на Венецуела нагласија своја целосна лојалност на потпретседателот Мадуро.
Откако беше соопштено дека Чавес починал, венецуелската Влада побара во државата да се распоредат армиски единици и полицијата со цел да се гарантираат мирот и редот.
Мадуро ќе ја предводи и Единствената социјалистичка партија на Венецуела чиј пртетседател беше Чавес. Партијата има 98 пратеници во 165-члениот парламент.