Претседателскиот мандат во Венецуела ќе биде намален од шест на четири години

Од:

Националното собрание на Венецуела го одобри синоќа во прво читање предлогот за уставни реформи, кој предвидува намалување на мандатот на претседателот од шест на четири години, како и укинување на можноста за неограничен број претседателски мандати.

Парламентот е под контрола на Коалицијата на демократско единство, во која влегуваат противниците на претседателот Николас Мадуро.

Пратениците од Патриотски пулс не се согласија со иницијативата на своите колеги од опозицијата, но не успеја да влијаат врз изходот од гласањето.

Референдум за измени во Уставот, со кој се укина неограничениот број претседателски мандати, но и мандати на гувернери и градоначалници, се одржа во 2009 година. Сега Парламентот предлага ограничување на само еден мандат.

Измените предложени од опозицијата треба да минат и на второто читање, а потоа да бидат ставени на гласање на референдум.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски