Претседателски избори во Хондурас

Од:

Денеска во Хондурас се одржуваат претседателските избори на кои право на глас имаат околу шест милиони жители. Дел од опозициските партии не го признаваат гласањето, поради укинувањето на одредбата од Уставот за ограничувањето на претседателот на еден мандат.

За втор мандат на овие избори се кандидира актуелниот претседател Хуан Орландо Хернандез, кој што на таа позиција дојде во 2014 година.

Претходно и претседателот Мануел Зелаја се обиде да издејствува слична промена, но беше соборен и протеран од страна на армијата во 2009 година.

На претседателските избори Хернандез ќе се соочи со осум противкандидати, а најсериозни предизвикувачи се Салвадор Насрала од Опозицискот сојуз и Луис Зелаја од Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права

Силен земјотрес го погоди Хондурас

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари

Ана Ололовска