Претседателски избори во Франција 2022: Валери Пекрес го продолжува својот пад, Макрон и понатаму убедливо води

Од:

Валери Пекрес, кандидатката на Републиканците (десницата) продолжува да заостанува во испитувањата на намерите на гласачите. Во анкетата на Опинион 2022, спроведена од Елабе за БФМТВ, Л’Експрес и СФР, кандидатката на републиканците изгуби 2,5 поени од намерите за гласање во првиот круг и би добила 11,5 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА.

Емануел Макрон, кој се уште не е кандидат, достигнува врв со 24,5 отсто и напредува за половина поен, пред Марин Ле Пен, која е на второто место (18 отсто, +3 поени). Нејзиниот националистички ривал Ерик Земур сè уште е далеку зад неа, со оглед на 13,5 отсто од намерите за гласање во првиот круг. Кај левицата, Жан-Лук Меланшон, со 11 отсто, сè уште е е во игра.

Далеку зад него е екологистот Јаник Жадо (5,5 отсто), кој ги доби неговите 500 потписи од големите избирачи (избрани општински советници и градоначалници), што официјално му дозволија да биде кандидат на претседателските избори. Комунистот Фабиен Русел, во превирања во последните денови, откако беше предмет на истрага на Медијапарт во врска со фиктивно работно место во Националното собрание, достигнува 4 отсто од намерите за гласање. Кандидатот и победник на популарниот Основен избор Кристијан Таубира го продолжува својот пад со 2,5 отсто поени на намерите за гласање (-2), исто колку и социјалистката Ан Идалго.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата