Претседателски избори во Белорусија

Од:

Во Белорусија денеска одржуваат претседателски избори – шести по осамостојувањето на Белорусија.По шести пат, актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој управува Белорусија без прекин во изминатите 26 години, се кандидираше за претседател.

За разлика од претходните избори, овојпат Лукашенко се соочува со сериозен предизвик од четворица други кандидати за највисокото државно место.

Тоа се копретседателот на движењето „Кажи ја вистината“, 39-годишниот Андреј Дмитриев, поранешниот член на Долниот дом на белорускиот Парламент, 43-годишната Ана Канопатска, 37-годишната домаќинка Светлана Тихановска и претседателот на белоруската партија Социјалдемократска заедница, Сергеј Черечен.

Во земјата се одржаа серија митинзи на опозицијата, каде се собраа десетици илјади демонстранти – нешто непознато во таа држава по распадот на Советскиот Сојуз.

Повеќе од 1.000 лица се приведени за учество во протестите од почетокот на изборната кампања. Белоруската ЦИК веќе забрани на изборите да се кандидираат двајцата ривали на Лукашенко.

Западните набљудувачи ги опишаа претходните претседателски избори во Белорусија како лажирани со цел Лукашенко да остане на власт. Пред да стане претседател за првпат во 1994 година Лукашенко бил директор на државно земјоделско претпријатие (совхоз).

Тихановска ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да помогне во обезбедувањето фер избори.Нејзиниот 10-годишен син и 5-годишната ќерка се испратени во странство поради голем број закани додека сопругот, познат блогер, и е во затвор откако објавил дека има намера да се кандидира за изборите. Таа се смета за обединувач на опозицијата, јавија западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски